Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, извршија увид во тековните градежни активности на детската градинка „Мајски цвет” во Тафталиџе.
„Станува збор за темелна реконструкција со која значително се унапредуваат функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност на објектот”, соопштија од Општината.
Од таму велат дека поради појава на дополнителни и непланирани градежни зафати, рокот за завршување е продолжен од оправдани причини, при што Општина Карпош обезбеди и дополнителни средства за комплетирање на реконструкцијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
