Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Ќе сведочат застапници на оштетените
    Република

    Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Ќе сведочат застапници на оштетените

    29/12/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште е предвидено сведочење на законските застапници на оштетените во овој предмет.

    На претходното рочиште, на предлог на обвинителството, сведочеше сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката, кој од своја перспектива зборуваше за реновирањето на објектот, како и за трагичната ноќ кога избувна пожарот.

    Претходно, одбраната на обвинетиот Александар Нацев во воведен збор наведе дека во текот на постапката ќе докажат оти тој не бил ниту одговорно лице, ниту реален сопственик на правното лице „Рубикон“. Дополнително, според одбраната, припадниците на обезбедувањето ноќта на трагедијата немале обврска да го контролираат бројот на присутни гости, да ја проверуваат безбедносната опрема и сигурносните услови, ниту пак правното лице имало обврска да достави план за обезбедување.

    На почетокот на денешното рочиште, судот одлучи постапката за овој предмет да се спои со постапката против сопственикот на објектот, со цел поцелосно утврдување на фактите и одговорноста.

    Во воведното излагање, обвинителот Борче Јанев истакна дека судењето претставува чекор кон утврдување лична и институционална одговорност, нагласувајќи дека општеството мора да се соочи со вистината за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата. Тој порача дека не е важно само кој го запалил огнот, туку и кој имал можност да го спречи, потенцирајќи дека трагедијата не е резултат исклучиво на пиротехниката, туку на долгогодишни системски пропусти, институционален молк и недостиг на контрола што ја претвориле дискотеката во смртоносна стапица.

    Сите обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Дел од нив изразија сочувство кон семејствата на жртвите, но останаа на ставот дека не сториле тешки дела против општата сигурност.

    Повеќемина обвинети, преку своите бранители, ја оспорија основаноста на обвинението, тврдејќи дека не презеле дејствија што можеле да доведат до пожарот и дека поседувале валидна документација, посочувајќи на институционални пропусти како главна причина за трагедијата.

    Во досегашните воведни обраќања, своја одбрана изнесоа и првообвинетиот сопственик на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, сопственикот на „МММ кафе“ Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и сопственикот на објектот Гроздан Милковски. Јованов изјави дека и по девет месеци притвор не може да поверува во трагедијата и дека како родител никогаш не би дозволил небезбедни услови во објектот. Неговиот син, третообвинетиот Михаил Јованов, преку одбраната тврди дека е обвинет без докази, исклучиво поради семејната поврзаност.

    Одбраните на останатите обвинети посочија дека нема причинско-последична врска меѓу нивните постапки и пожарот, дека закупот и документацијата биле законски, како и дека дел од обвинетите немале надлежност ниту можност да влијаат врз безбедносните услови во објектот.

    Поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Ратко Димитровски, преку бранителот оцени дека обвинението претставува преседан, наведувајќи дека уште пред отворањето поднел барање за неиздавање дозвола за работа. Одбраните на поранешните градоначалници Николчо Илијев и Љупчо Папазов тврдат дека постапувале согласно закон и дека надзорот не бил во нивна надлежност.

    Поранешните министри за економија Крешник Бектеши и Ваљон Сараќини, како и поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, ги негираа обвиненијата, посочувајќи дека немале вина и дека нивните надлежности биле ограничени на административни постапки.

    Пожарот избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“, при што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Според обвинението, во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Дискотеката работела незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, без систем за противпожарна заштита и со реконструкции без соодветни одобренија.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.