За нови 48 часа е продолжен притворот за сите четворица што беа опфатени со истрагата за пожарот во Трубарево. Ова го соопштија денес од Кривичен суд Скопје.
Поради основано сомнение дека учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата, скопското обвинителство поведе постапка против овие лица, за кои од судија на претходна постапка во неделата определи краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.
– Нивните конкретни дејствија се уште се испитуваат, а се истражува и потенцијална одговорност и на други лица, се вели во соопштението на Судот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
