Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Природата пролетно се разубавува, човекот ја валка – има ли решение за дивите мини депонии покрај Бардовци?
    Скопје

    Природата пролетно се разубавува, човекот ја валка – има ли решение за дивите мини депонии покрај Бардовци?

    20/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На влезот во Бардовци, од страната на Визбегово, пролетта знае да понуди слика што лесно те освојува. Расцветани дрвја, разеленето поле и мир што потсетува на живот надвор од градската бучава.

    Но, таа идилична глетка секоја година добива и своја темна сенка. Покрај патот никнуваат мали депонии што ја расипуваат целата слика. Расфрлан градежен шут, стари каучи и троседи, гуми и автомобилски делови – се тоа стои како доказ за човечката некултура, но и за неефикасноста на комуналните служби и инспекциските органи.

    Дополнителен проблем се и органските отпадоци – искористени пелени и расфрлана зимница која останала неискористена, а сега создава неподнослив мирис. Тој мирис не само што го нарушува уживањето во природата, туку е и јасен сигнал дека проблемот не е само естетски, туку и здравствен.

    Секоја пролет се повторува истата приказна – природата се обидува да се разубави, а човекот ја валка. И додека дрвјата цветаат, депониите растат.

    До кога ќе се помируваме со ваква слика? Дали е толку тешко отпадот да се одложи таму каде што му е местото?
    Но одговорноста не е само индивидуална. Комуналните служби мора да бидат поефикасни, почесто да чистат и да постават контроли таму каде што се создаваат диви депонии.

    Оти, ако веќе природата ни дава чиста убавина, најмалку што можеме да направиме е да не ја претвораме во депонија.

    Поврзани вести:

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Урсула фон дер Лајен

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Урсула фон дер Лајен

    Ѓорѓиевски: Скопје става крај на неконтролираното вработување, приоритет добива оперативниот кадар

    Ѓорѓиевски: Скопје става крај на неконтролираното вработување, приоритет добива оперативниот кадар

    Нова автобуска линија 35 ги поврза Бутел и Аеродром

    Нова автобуска линија 35 ги поврза Бутел и Аеродром

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    бардовци депонии ѓувре негрижа некултура
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    02/10/2026

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    02/10/2026

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    02/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.