Владата и Синдикалците при УПОЗ пред конечен договор и решавање на проблемот околу платите. 95 проценти од членките на овој синдикат се изјасниле дека договорот со Владата за зголемување на платите за 40% за период од 3 години, е прифатлив.
„Од досега пристигнати изјаснувања, 95% од синдикалните организации се изјаснија дека барањето на Синдикатот на УПОЗ кое е прифатено од страната Владата за зголемување на платите е поповолно и прифатливо”, информира УПОЗ.
Се очекува во текот на наредната недела, синдикалците да остварат работна средба со претставниците на Владата на која ќе биде договорен опфатот и теркот на колективниот договор.
Инаку, вчера Владата и УПОЗ договорија платите на административците да пораснат за 8% во период од три години. Првата рата ќе се исплати во март.
Според математиката на премиерот, ако во наредните три години, на платата на административните службеници се додаваат по 1.500 денари од растот на минималецот и секоја година овој збир се зголемува за 8 проценти, a ако сега платата е 35.000 денари, за три години би била околу 50 илјади денари или повисока за околу 40 проценти.
