Водно пак почна да се лизга кон градот. Се растрчаа од Општина Центар и Центарот за управување на кризи – бараат начин да го спречат понатамошното опасно лизгање на земјиштето.
Како главен причинител за критичното лизгање на планината се наведуваат долготрајниот дожд, подземните води… Затоа сега на терен ќе правел засилен надзор, се споменува и потреба од градење на потпорни ѕидови.
А се ќе беше подруго ако засилениот надзор беше да не се гради премногу на Водно. Градежници низ годиниве си влегуваа во заштитената зона, се сечеа дрвја, се садеше бетон.
Епа, штом градежници премногу шетаат по Водно, сега и Водно посака да прошета низ Центар. А ако не се сопрат механизациите и бетонот по планината, Водно може ќе дојде дури и до Дајмонд мол да ги разгледа излозите. Ете и за ова треба да расправаат сега растрчаните и многу загрижените институции.
