Утрово предвремено почна грејната сезона за потрошувачите приклучени насистемот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ.
Но сепак дел од домовите останаа со студени радијатори, бидејќи Топланите „Исток” и „Запад” поради дефект на улицата Павел Шатев не беа во можност да испорачуваат топлина. Кога ќе се отстрани дефектот останува да се види.
Иако, согласно регулативата радијаторите треба да се загреат од 15 октомври, студеното време во овие неколку дена ги вклучи топланите во Скопје. Од снабдувачот посочуваат дека сè до 15 октомври, на нивната веб-страницата секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
