И денеска во собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжи расправата по амандманите на Предлог-буџетот за 2026 година. Се разгледуваат околу 200 поднесени предлози за дополнување. Досега Комисијата разгледа и не усвои дел од амандманите што се однесуваа на зголемување на платите за 30 отсто во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и во конзуларно-дипломатските претставништва, за дополнителни пари за формирање на единствен национален информатички систем за повреди при работа, за субвенции за мали и средни претпријатијата кои спроведуваат циркуларна економија, за формирање на одделение за климатски промени…
Откако ќе заврши комисиската расправа, Буџетот ќе оди на пленарна седница, за која се очекува да почне на 9 декември.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
