Повеќе од 200 компании и најмалку 300 учесници ќе присуствуваат на македонско-српскиот бизнис форум што денеска се одржува во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со цел зајакнување на економската соработка меѓу двете земји. Свое обраќање ќе има и премиерот Христијан Мицкоски.
Пред почетокот на форумот, во Владата ќе биде потпишан Меморандум за разбирање помеѓу вицепремиерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и српската вицепремиерка и министерка за економија Адријана Месаровиќ.
Двајцата функционери вчера ги посетија „Пекабеско“ и винаријата „Камник“, нагласувајќи дека потенцијалот за економска соработка е значително поголем, особено во прехранбената индустрија. Како што истакнаа, постои јасна тенденција за зголемување на меѓусебната размена.
Иако годинава е забележан раст во трговската размена меѓу двете држави, потенцијалите и понатаму остануваат многу поголеми од досегашните резултати.
