На денешното рочиште во случајот против Стојанче Јовановски беа презентирани клучните докази – серија пријави и аудио снимки од бројот за итни случаи 112, во кои соседи и самата Ивана Стојаноска барале помош поради насилството врз неа додека присутна била Катја, беа презентирани како клучни докази.
Обвинителката Адела Бојчевиќ посочи дека дел од доказите се со вознемирувачка содржина.
Станува збор за аудио повици од 2024 до 2026 година, во кои соседи пријавуваат бучава, вресоци и плач на дете од станот каде живееле Стојанче, Ивана и малечката Катја, како и случаи кога Ивана преку службата 112, бара помош и наведува дека сопругот ја малтретира или дека не ѝ дозволува да влезе во заедничкиот стан.

