Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Семејни насилства и за Велигден, уапсени повеќе лица
    Хроника

    Семејни насилства и за Велигден, уапсени повеќе лица

    13/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Случаи на семејно насилство и за време на празниците. Од пријавите што стигнале во МВР, шест лица се уапсени само во последното деноноќие во одделно пријавени настани. Од уапсените насилници тројца се од Скопје, а по еден од Куманово, Кичево и Охрид.

    Вчера во скопската населба Карпош упасен е 41 годишниот Б.Ѓ. зашто претходниот ден во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга и и упатувал закани. По полноќ пка, полициски службеници во Скопје го лишиле од слобода 45 годишниот Н.Д. од Скопје, поради тоа што претходниот ден во домот физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга, искршил дел од покуќнината, а потоа и со остри предмети упатувал закани.

    Претходно во 4 часот и 10 минути полициски службеници од СВР Скопје уапсиле 40 – годишен државјанин на Хрватска, затоа што во домот на подрачјето на општина Центар физички ја нападнал неговата партнерка О.К.(37) од Украина и нејзината сестра, упатувал закани и искршил дел од покуќнината.

    Во саботата полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода С.С. (26) од Кичево, постапувајќи по пријава од 27-годишна жена од Кичево дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.С. и Ќ.Д.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.

    На 12 април во 16 часот во СВР Куманово, вработена во Центарот за социјални работи Куманово пријави дека 13- годишник од Куманово бил психички малтретиран од неговиот татко и бил избркан од неговиот дом. Малолетникот ќе биде сместен во згрижувачко семејство, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    На 13 април полициски службеници го лишија од слобода Д.С. (33) од охридско, постапувајќи по пријава од неговата 24-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка, дека ноќта ѝ го одзел насилно мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ја принудил да влезе во неговото возило, каде исто така ја нападнал и ѝ нанел повреди. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.