Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: 16 загинати, меѓу нив и Македонецот Васко Саздовски
    Свет

    Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: 16 загинати, меѓу нив и Македонецот Васко Саздовски

    01/11/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Денеска се навршуваат две години од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, кога при пад на бетонската настрешница загинаа 16 лица, меѓу кои и македонскиот државјанин Васко Саздовски.

    Несреќата се случи на 1 ноември 2024 година во 11:52 часот. Тони бетон се урнаа врз луѓето кои се наоѓаа под настрешницата, а меѓу жртвите имаше и деца. Во несреќата загинаа Сара Фириќ (6), Валентина Фириќ (10), Ѓорѓе Фириќ (53), Милица Адамовиќ (6), Сања Ќириќ Арбутина (35), Милева Карановиќ (76), Немања Комар (17), Милош Милосављевиќ (21), Стефан Хрка (27), Анџела Руман (20), Горанка Раца (58), Ѓуро Швоња (77), Вукашин Раковиќ (69) и Васко Саздовски (46).

    Подоцна, како последица на повредите, починаа и Ања Радоњиќ (24) на 17 ноември 2024 година и Вукашин Црнчевиќ (18) на 21 март 2025 година. Единствената преживеана од директно погодениот дел од настрешницата беше Теодора Мартинко, која се здоби со тешки повреди.

    По повод годишнината, во Нови Сад денеска ќе се одржат повеќе комеморативни собири. Главниот собир е закажан во 11:52 часот, во моментот кога се случи трагедијата, а го организира студентското движење. Во Белград, во Храмот на Свети Сава, во 9 часот ќе се одржи помен што ќе го предводи патријархот на Српската православна црква, Порфирије.

    И покрај тоа што поминаа две години од трагедијата, судскиот процес сè уште не е започнат. За случајот се водат три одделни постапки пред различни обвинителства.

    Вишото јавно обвинителство во Нови Сад го води најголемиот предмет, во кој се опфатени 13 лица. Меѓу обвинетите се поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, неговата поранешна помошничка Анита Димоски, поранешните директори на „Инфраструктура на српските железници“ Јелена Танасковиќ и Небојша Шурлан, како и проектанти и други лица поврзани со реконструкцијата на станицата.

    Подготвителното рочиште сè уште не е закажано, бидејќи предметните списи се наоѓаат во Врховниот суд на Србија, кој треба да одлучи по барањата за заштита на законитоста поднесени од одбраната на обвинетите.

    Вториот предмет го води Вишото јавно обвинителство во Белград, каде обвинети се три лица – менаџер за развој во „Инфраструктура на железници на Србија“, претседателот и член на Комисијата за технички преглед на железничката станица.

    Третата постапка е пред Обвинителството за организиран криминал и сè уште се наоѓа во истражна фаза. Таа опфаќа сомневања за финансиски неправилности поврзани со проектот за изградба на брзата пруга Нови Сад – Келебија, кој ја вклучуваше и реконструкцијата на железничката станица.

    Во оваа постапка, покрај Весиќ, Димоски, Танасковиќ и Шурлан, опфатен е и поранешниот министер Томислав Момировиќ. Според обвинителството, постои сомневање дека со неправилности во проектот бил предизвикан буџетски ризик од 115 милиони долари.

    Трагедијата во Нови Сад останува едно од најтешките прашања во Србија во последните години, а барањата за одговорност и побрзо процесирање на случајот продолжуваат и по две години од несреќата.

    Поврзани вести:

    Уапсен началникот на српската криминалистичка полиција Марко Кричак, засега непознати причините

    Уапсен началникот на српската криминалистичка полиција Марко Кричак, засега непознати причините

    Илјадници на улиците во Лисабон: Граѓаните протестираат против новиот закон за кириите

    Илјадници на улиците во Лисабон: Граѓаните протестираат против новиот закон за кириите

    ФБИ: Северна Кореја стои зад рекордната кражба на 6,3 милијарди долари од Binance

    ФБИ: Северна Кореја стои зад рекордната кражба на 6,3 милијарди долари од Binance

    Почина Мишо Ковач, легендата чиј глас ги обедини генерациите

    Почина Мишо Ковач, легендата чиј глас ги обедини генерациите

    Вучиќ најави можност СНС да нема кандидат на претседателските избори

    Вучиќ најави можност СНС да нема кандидат на претседателските избори

    (Видео) Редици пред експозитурите на Алта банка во Србија по одземањето на дозволата за работа

    (Видео) Редици пред експозитурите на Алта банка во Србија по одземањето на дозволата за работа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Уапсен началникот на српската криминалистичка полиција Марко Кричак, засега непознати причините

    01/11/2026

    Илјадници на улиците во Лисабон: Граѓаните протестираат против новиот закон за кириите

    01/11/2026

    ФБИ: Северна Кореја стои зад рекордната кражба на 6,3 милијарди долари од Binance

    01/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.