Повеќе булевари и улици во Скопје денеска ќе бидат затворени за сообраќај. Причина е одржувањето на Виз Ер Скопски маратон. Тркачите, кои годинава се пријавени во рекорден број пред околу еден час веќе тргнаа од стартот пред Собранието.
Над 14.000 натпреварувачи од 58 држави ќе трчаат по улицата „11 Октомври“ пред Собранието во правец кон запад по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, па ќедо семафорите во населба Хром, ќе свртат полукружно и ќе се вратат во правец кон центар по истите улици и булевари. Кога ќе се враќаат тркачите кај Собрание, ја продолжуваат трасата по улица „11 Октомври“ кон Црвен Крст и ќе свртат кај Тутунски комбинат лево на бул. „Крушевска Република“ и десно на „Трета Македонска Бригада“. По неа ќе се трча до раскрсницата кај Американ Колеџ и ќе се врти лево по улица „Васко Карангелески“. Потоа ќе трчаат право сѐ до раскрсницата со бул. „Јане Сандански“. На раскрсницата ќе се врти десно и ќе се трча сѐ до раскрсницата со Бул. „Србија“, каде, пред неа се врти полукружно во истата коловозна страна во правец кон Центар. Тркачите полукружно ќе се враќаат до раскрсницата кај Сансет, ул. „Васко Карангелески“, десно до крај и повторно десно ќе излезат на „Трета Македонска Бригада“. Трчаат по истата патека до Собрание, со тоа што полумаратонците финишираат на Плоштад Македонија, а маратонците трчаат уште еден круг.
За време на одржувањето на маратонот сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните улици, при што МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници долж трасите на движење и навремено да го планираат своето движење.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
