Спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која повеќе години е оставена во руинирана состојба, конечно ќе биде ставена во функција за потребите на студентите. Министерството за спорт денеска го означи почетокот на градежните работи за нејзина комплетна реконструкција и адаптација. Салата ќе служи на околу 7.000 студенти на УКИМ и, како што беше посочено, значително ќе го унапреди универзитетскиот спорт.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
