Почна кампањата за локалните избори Македонија, закажани за 19 октомври. 1.832.415 граѓани ќе гласаат за градоначалници и советнички листи во 80 општини и во Град Скопје.
Пријавени се вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети.
Граѓаните очекуваат изборна кампања полна со ветувања, но и со подметнувања меѓу политичките партии. Преку социјалните мрежи тие им порачуваат на кандидатите да не лажат „Доста ни е од празни ветувања, оние кои се нереални нема да го добијат мојот глас”, „Не сакам да гледам како се напаѓаат меѓу себе туку да видам што и на кој начин ќе градат во мојот град” – се дел од пораките на граѓаните.
Инаку, на 19 октомври ќе се гласа на вкупно 3.480 избирачки места низ земјава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
