Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»По долг пад, водостојот на Преспанското Езеро бележи охрабрувачки раст
    Република

    По долг пад, водостојот на Преспанското Езеро бележи охрабрувачки раст

    10/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    По долг период на алармантно опаѓање, Преспанско Езеро бележи охрабрувачки пораст на водостојот. Според официјалните дневни податоци на Управа за хидрометеоролошки работи, нивото на езерото е зголемено за 48 сантиметри во период од само два месеца.

    Зголемувањето е директно поврзано со обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата во периодот од 21 ноември 2025 до 7 јануари 2026 година. Иако дождовите предизвикаа поплави во одредени населени места, дворови и овоштарници, тие во исто време донесоа позитивен пресврт за состојбата на езерото.

    Според мерењата извршени на мерната станица во Наколец, на 8 јануари 2026 година водостојот изнесувал 841,36 метри надморска височина. За споредба, на 7 ноември 2025 година нивото било 840,88 метри. Во првиот месец од овој период е регистриран пораст од 27 сантиметри, а во наредните недели дополнителни 21 сантиметар.

    Преспанското Езеро со децении се соочува со сериозен пад на водостојот, кој започнал по достигнувањето на историскиот максимум во 1963 година, кога нивото било измерено на 851,83 метри надморска височина. Оттогаш, поради комбинација од климатски промени, прекумерно користење на водните ресурси и природно понирање, водата континуирано се повлекуваше.

    Најновиот пораст, иако сè уште далеку од посакуваното ниво, сепак внесува умерен оптимизам дека обновата на езерото е возможна. Преспанското Езеро е заштитен природен споменик, од исклучително значење за биолошката разновидност и претставува едно од најстарите зачувани тектонски езера во светот, со старост поголема од пет милиони години.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.