Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Петмина сведоци денеска сведочат за пожарот во Кочани
    Република

    Петмина сведоци денеска сведочат за пожарот во Кочани

    25/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со сослушување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство, во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

    На претходните рочишта беа сослушани повеќе сведоци кои кобната вечер биле присутни во објектот, а за денешното рочиште е најавено сведочење на уште пет лица.

    Обвинетите, кои изјавија дека не се чувствуваат виновни, преку своите адвокати ја оспорија основаноста на обвинението. Според одбраната, тие не презеле дејства што би можеле да доведат до пожарот, поседувале валидна документација и трагедијата, како што тврдат, е резултат на институционални пропусти, а не на индивидуална вина. Најавено е изведување дополнителни докази и сведоци во прилог на оваа теза.

    Пожарот избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во објектот имало повеќе посетители од дозволеното, меѓу кои и малолетници, а биле активирани пиротехнички средства без дозвола. Според обвинението, објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без исполнување на минимални технички услови и без соодветен систем за противпожарна заштита.

    За несреќата се обвинети над 30 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици и управители на локали, инспектори, поранешни градоначалници, лица од обезбедување и државни службеници.

    Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството е застапувано од тим од 15 јавни обвинители.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.