Општина Карпош ќе доделува финансиска поддршка за поправка и санација на покриви на станбени згради и за замена на азбестни покриви куќи на нејзина територија. За ова веќе е објавен повик.
Предвидено е за колективни станбени објекти да се субвенционира до 50 отсто од вкупниот износ за поправка и санацијата на покривот, но не повеќе од 300.000 денари. За замена на азбестните покриви Општината ќе помага најмногу со 100.000 денари.
Право на учество на јавниот повик имаат сите регистрирани заедници на сопственици или управители на згради.

