Основното општинско училиште „Страшо Пинџур” во општина Ѓорче Петров ќе се доградува и надградува, со што значително ќе се подобрат условите за настава и престој на учениците. Од Општина Ѓорче Петров информираа дека Советот едногласно донел одлука училиштето целосно да се ослободи од
плаќање комуналии за реализација на проектот, со цел побрза и поефикасна изградба.
Од таму информираат и дека со оваа инвестиција ќе се обезбедат дополнителни просторни капацитети и ќе се создадат услови за изведување едносменска настава, што ќе придонесе за поквалитетен образовен процес и подобро секојдневие за учениците, наставниот кадар и родителите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
