Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»ВИДЕО: Општина Центар објави нов јавен повик за практиканти од Градежниот и Архитектонскиот факултет – плата 15.000 денари
    Скопје

    ВИДЕО: Општина Центар објави нов јавен повик за практиканти од Градежниот и Архитектонскиот факултет – плата 15.000 денари

    07/07/20251 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Општина Центар распиша јавен повик за практикантска работа, наменет за студенти и апсолвенти од Градежниот и Архитектонскиот факултет. Повикот е активен од 7 до 20 јули 2025 година, а практикантите ќе започнат со работа на 1 август.

    -Ова е втор јавен повик годинава, а од претходниот веќе се ангажирани четворица практиканти во општината. Целта е младите да стекнат работно искуство и да видат како функционира една општина одвнатре. Воедно, за оние кои ќе покажат сериозност и посветеност, ова може да биде и шанса за идно вработување, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

     

    Како што информираат од Општина Центар, практиканството трае шест месеци, со работно време од четири часа дневно и месечен надомест од 15.000 денари. По завршувањето, секој практикант ќе добие официјална потврда за реализирана практична работа.

    Заинтересираните кандидати треба да достават барање за практикантство, доказ дека се студент или апсолвент, копија од лична карта, број на трансакциска сметка и кратка биографија.

    Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

    За дополнителни информации, јавете се на телефонските броеви :  02/3203-600 и 02/3203-655, на е-мејл адреса: vesna.mihajlovakukovska@centar.gov.mk, или на веб страница на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/?p=25893

    Поврзани вести:

    Силен ветер направи хаос на патиштата: Паднати дрва, семафор и канделабра

    Силен ветер направи хаос на патиштата: Паднати дрва, семафор и канделабра

    Малолетник претепан во тоалет на основно училиште во Радишани

    Малолетник претепан во тоалет на основно училиште во Радишани

    Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Центар денеска без струја

    Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Центар денеска без струја

    „Комунална хигиена“: За викендот опожарени четири контејнери во Скопје

    „Комунална хигиена“: За викендот опожарени четири контејнери во Скопје

    Карпошани ќе одлучуваат: Почнува креирањето на буџетот за 2027 година

    Карпошани ќе одлучуваат: Почнува креирањето на буџетот за 2027 година

    ЕВН најави прекини на струјата во Аеродром, Петровец, Илинден и Сопиште

    ЕВН најави прекини на струјата во Аеродром, Петровец, Илинден и Сопиште

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    општина центар практикатни
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Силен ветер направи хаос на патиштата: Паднати дрва, семафор и канделабра

    19/11/2026

    Малолетник претепан во тоалет на основно училиште во Радишани

    19/11/2026

    Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Центар денеска без струја

    17/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.