Пропаднал тендерот за избор на изведувач за обнова на Универзалната сала во Скопје, кажа денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
„Минатата недела добивме известување од Комисијата за жалби дека тендерот за Универзална сала не помина бидејќи имаше одредена жалба и поплака во однос на единствениот пријавен изведувачот. Според мене, не е суштински проблемот, но како и да е, има известување од Комисијата за жалби. Ова реално ќе ја одолговлечи работата за уште некои два месеца,”
рече Љутков.
За овој проект одвоени се 20 милиони евра, распределени во три години. Инаку, обновата на сега веќе девастираниот култен објект се чека неколку години повеќе.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
