Ново еколошко игралиште е отворено за најмалите во општина Ѓорче Петров, информираат од локалната самоуправа. Новото катче е сместено во дворот на основното општинско училиште Димитар Поп Ѓоргиев Беровски.
Со конкретни мерки за подобри услови за нашите деца. Игралиштето е место за рекреација и другарување, за раст во здрава и потикнувачка средина. Ова е современ, безбеден и уреден простор. Ѓорче Петров чекор по чекор станува поубаво, поселено и подобро место за секое дете, објави градоначалникот Александар Стојкоски.

