Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Нов предлог-закон: Со Б-категорија ќе може да се вози мотор до 125 кубици
    Република

    Нов предлог-закон: Со Б-категорија ќе може да се вози мотор до 125 кубици

    31/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пратеничката група на ЗНАМ, со поддршка од парламентарното мнозинство, поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка.

    Со предложените измени се предвидува возачите со дозвола од Б-категорија да добијат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата А1, со зафатнина до 125 кубни сантиметри и моќност до 11 kW, при што односот меѓу силата и масата на возилото не смее да надминува 0,1 kW/кг.

    Како што информираше пратеникот Павле Арсоски, ова право ќе може да го користат лица кои имаат наполнето најмалку 23 години, поседуваат возачка дозвола од Б-категорија најмалку пет години и ќе поминат четиричасовна теоретска обука за безбедно управување со мотоцикл во автошкола. Оваа можност ќе важи само на територијата на државата.

    Министерот за внатрешни работи ќе треба во рок од 15 дена од стапувањето на сила на законот да ги пропише содржината на обуката, формата на потврдата и начинот на водење евиденција. Автошколите ќе издаваат потврди за завршена обука и ќе го известуваат Министерство за внатрешни работи.

    Арсоски истакна дека целта на законот е да се поттикне поголема употреба на мотоцикли, што би придонело за намалување на сообраќајниот метеж и проблемите со паркирањето, особено во урбаните средини како Скопје.

    Тој нагласи дека во услови на нефункционален јавен превоз, граѓаните се приморани да користат автомобили, при што најчесто во едно возило се превезува само едно лице. Според него, мотоциклите се практично и економично решение кое зафаќа значително помал простор и може да ја подобри проточноста во сообраќајот.

    Дополнително, со зголемена употреба на мотоцикли се очекува и намалување на загадувањето на воздухот, имајќи предвид дека просечната старост на возилата во Македонија изнесува околу 19,5 години, додека поновите мотоцикли ги исполнуваат повисоките еколошки стандарди.

    Како предност се посочува и помалата потрошувачка на гориво, што во услови на раст на цените претставува значително олеснување за домашниот буџет.

    На крајот, Арсоски апелираше до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и да водат грижа за сопствената и за безбедноста на другите.

    Според европската регулатива, ваква можност веќе постои во повеќе држави, меѓу кои Шпанија, Грција, Франција, Австрија, Словенија и други.

    Поврзани вести:

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    22/10/2026

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.