Поради дефект на водоводна цевка на улицата „Коста Абрашевиќ“, денеска од 9 часот без вода ќе останат корисниците од неколку улици во општина Чаир, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од претпријатието соопштуваат дека станува збор за дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Коста Абрашевиќ“ б.б.
Поради интервенцијата, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Коста Абрашевиќ“, „Панче Неделковски“ и „Серава“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе продолжи по целосното отстранување на дефектот.
Воедно, поради изведување на работите, дел од улицата „Коста Абрашевиќ“ ќе биде затворен за сообраќај. Ограничувањето се однесува на потегот од раскрсницата со улицата „Цветан Димов“ до раскрсницата со улицата „Панче Неделковски“ и ќе трае до завршување на интервенцијата.
