Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Најмалку 17 загинати и десетици повредени во руски напад врз Киев, меѓу жртвите и деца
    Свет

    Најмалку 17 загинати и десетици повредени во руски напад врз Киев, меѓу жртвите и деца

    28/08/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Сирени за воздушен напад оддекнаа во Киев околу три часот изминатата ноќ најавувајќи ги руските дронови и ракети кои како огнени топки завршуваа во станбени згради. Најновиот напад на Москва врз Киев зема најмалку 15 човечки животи, вклучувајќи четири деца на возраст од 2 до 17 години, а неколку десетици се повредени, соопштија украинските властите, пренесуваат светките медиуми.

    Дел од повредените Украинци сведочат за тоа како ја поминале ноќта откако ги чуле ракетите кои паѓеле од небо и велат дека не им е јасно како останале живи под урнати ѕидови, прозорци и мебел.

    „Беше како флеш пред очи, а потоа се почна да се руши. Не разбирам како се уште сме живи, целиот мебел кој беше приклештен до ѕидовите падна врз нас. Но, преживеавме.“

    „Во три часот ноќта јас спиев со кучето до мене. Првиот повратен удар од ракетите ги распрсна прозорците, а вториот ги откорна вратите, по него истрчав надвор на улица.“

    Некои, по нападот, со куфери и милениците в раце ги напуштаа живеалиштата.

    „Си велам, ова не е првпат Русија да ми го сруши домот. Првиот пат беше во Донецк, потоа во Харков, а сега и тука.“

    Според официјалните информации од Киев оштетени се над 20 локации низ градот и околината, освен станбени згради, деловни објекти и трговски центар лоциран во центарот. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека нападот бил извршен со дронови и балистички, крстосувачки и хиперсонични ракети „Кинжал“.

    „Путин единствено ја разбира моќта на силата. Ние Украинците мора да бидеме силни, а нашата сила „лежи“ во нашата сплотеност, со нашите европски и американски партнери. Заедно можеме да се спротивставиме на оваа инвазија. Ова значи модерно оружје, тешки санкции и притисок од интернационалната заедница за крај на овој хорор.“

    Додека, со тешка механизација се уште трага по преживеани под урнатините украинскиот претседател Володимир Зеленски, реагирајќи на нападот, преку социјалните мрежи посочи дека „Кремљ наместо преговарачката маса избра балистички ракети “ во време кога американскиот претседател Доналд Трамп прави дипломатски напори да се стави крај на војната.

    Во меѓувреме, осуда за нападот пристигна од највисоките функционери на Европската унија. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави заострување на санкциите кон Русија.

    „Огорченa сум од нападот врз Киев, кој ја погоди и нашата канцеларија во ЕУ. Ова беше најсмртоносниот напад со беспилотни летала и ракети врз главниот град од јули. Ова покажува дека Кремљ нема да запре пред ништо за да ја тероризира Украина, убивајќи цивили – мажи, жени и деца, па дури и насочувајќи се кон Европската Унија. Затоа вршиме максимален притисок врз Русија. Тоа значи заострување на нашиот режим на санкции. Наскоро ќе излеземе со нашиот 19-ти пакет строги санкции.“

    И комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос смета дека нападот е јасен сигнал дека Русија го отфрла мирот, а Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нагласи дека Европа нема да се заплаши од рускиот терор.

    Поврзани вести:

    Нови порази на ЦДУ на Мерц на покраинските избори во Германија

    Нови порази на ЦДУ на Мерц на покраинските избори во Германија

    Русија возвраќа по големиот напад со дронови: Најавени засилени удари врз Киев

    Русија возвраќа по големиот напад со дронови: Најавени засилени удари врз Киев

    Зеленски и Трамп ќе имаат клучна средба во Њујорк

    Зеленски и Трамп ќе имаат клучна средба во Њујорк

    Нов изборен удар за Мерц: АфД прва во Мекленбург, Левица го освојува Берлин

    Нов изборен удар за Мерц: АфД прва во Мекленбург, Левица го освојува Берлин

    Иран постави седум услови за почеток на преговори со САД

    Иран постави седум услови за почеток на преговори со САД

    Иран испратил 7 услови до САД за прекин на војната

    Иран испратил 7 услови до САД за прекин на војната

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нови порази на ЦДУ на Мерц на покраинските избори во Германија

    21/09/2026

    Русија возвраќа по големиот напад со дронови: Најавени засилени удари врз Киев

    21/09/2026

    Зеленски и Трамп ќе имаат клучна средба во Њујорк

    21/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.