Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»МЗ: Пушењето е личен избор, но здравјето на граѓаните е приоритет
    Република

    МЗ: Пушењето е личен избор, но здравјето на граѓаните е приоритет

    17/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Новите измени на Законот за заштита од пушењето, подготвени од Министерство за здравство, предвидуваат целосна забрана за пушење во затворени јавни и работни простории. Мерките се усогласени со европските стандарди и препораките на Светска здравствена организација и имаат една јасна цел – заштита на здравјето на сите граѓани, без исклучоци и без сиви зони.

    Иако пушењето е личен избор, заедничкиот затворен простор не смее да биде место каде тој избор директно го загрозува здравјето на другите. Законот не се меша во одлуката дали некој ќе пуши, туку прецизно утврдува каде тоа не е дозволено, со цел да се спречат штетните последици од пасивното пушење.

    Според здравствените стандарди, квалитетот на воздухот во затворени простории има директно влијание врз здравјето. Почист воздух значи помалку иритации на дишните патишта, поретки астматични напади и намален ризик од развој на хронични заболувања.

    Предлог-законот изложеноста на тутунски чад ја третира како прашање на безбедност и здравје при работа, а не како прашање на личен стил на живот. Особено во угостителските објекти, каде што вработените се најдолго изложени на чад од цигари и други никотински производи, државата има обврска да обезбеди здрава и безбедна работна средина.

    Искуствата од земји како Ирска и Велика Британија, кои одамна воведоа вакви забрани, покажуваат дека мерките не значат пад на приходите во угостителството. Напротив, тие водат кон поуреден, поквалитетен и попредвидлив амбиент.

    Министерот за здравство, Азир Алиу, посочува дека ваквите решенија овозможуваат поголема посетеност од семејства, туристи и граѓани кои преферираат чист воздух, што на подолг рок претставува директна корист и за самите угостителски објекти.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.