Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Муцунски во Лондон за зајакнување на политичката и економската соработка со Велика Британија.
    Политика

    Муцунски во Лондон за зајакнување на политичката и економската соработка со Велика Британија.

    16/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами, од денеска ќе престојува во тридневна работна посета на Обединетото Кралство.

    Како што соопшти МНРиНТ, во рамки на посетата, покрај средбата со својот домаќин, секретарот Лами, предвидено е Муцунски да се сретне и со парламентарниот државен потсекретар и министер за услуги, мали бизниси и извоз во Министерството за бизнис и трговија, Гарет Томас. Исто така, на бизнис-форум организиран од Амбасадата на Република Северна Македонија во Лондон, министерот ќе ги презентира економските потенцијали и можностите за инвестирање во земјата пред повеќе британски компании.

    Во британскиот Парламент, министерот Муцунски ќе оствари средба со членовите на Парламентарната група за соработка со Република Северна Македонија, а во реномираниот тинк-тенк „British Foreign Policy Group“ ќе има обраќање и дискусија на тема улогата на Северна Македонија во евро-атлантската безбедност и регионалната стабилност, стои во соопштението.

    Оттаму додаваат дека во рамки на престојот во Обединетото Кралство, Муцунски ќе оствари средби и со наши иселеници во градот Литлхамптон, каде ќе ја посети црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“, како и македонска фолклорна група и дечињата од македонската заедница кои посетуваат настава по македонски јазик.

    Целта на посетата, како што наведуваат од МНРиНТ, е интензивирање на севкупните билатерални односи преку зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, особено по потпишувањето на договорот за инвестициско партнерство. Во фокус на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ: Ние работиме на развој, тие очајуваат

    ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ: Ние работиме на развој, тие очајуваат

    Мицкоски: Ако талогот стане елита, вистинската елита ќе си замине од државата

    Мицкоски: Ако талогот стане елита, вистинската елита ќе си замине од државата

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче сами се препознаа во зборовите на Мицкоски

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче сами се препознаа во зборовите на Мицкоски

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    11/09/2026

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    11/09/2026

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    10/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.