Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Мицкоски: Платформата за следење на проектите финансирани од Владата – силна порака дека државата е решена да биде отворена и отчетна
    Република

    Мицкоски: Платформата за следење на проектите финансирани од Владата – силна порака дека државата е решена да биде отворена и отчетна

    04/12/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ја промовираме алатката важна во современото функционирање на државата – новата Платформа за следење на проектите финансирани од Владата. Ова не е само технички систем. Ова е чекор напред во политичката култура, чекор во модерното управување и силна порака дека државата што ја водиме е решена да биде отворена, отчетна и да обезбеди целосен увид во тоа каде завршува секој денар од јавните средства, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на настанот што се одржа во Клубот на пратеници.

    – Оваа Платформа ја симболизира нашата јасна заложба за интегритет, чесност и јавен надзор над сите инвестиции што ги реализираме, без исклучок. За првпат во историјата на Македонија воспоставуваме систем во кој секој граѓанин, секоја општина, секој новинар, секој претставник на граѓанскиот сектор, и секој релевантен чинител ќе може во реално време, транспарентно и прецизно, да го следи текот на проектите што ги финансира Владата, подвлече премиерот пред присутните.

    Токму така, нагласи тој, треба да функционира една европска држава. Со оваа Платформа, како што додаде, ја отвораат работата на институциите и воспоставуваат нова рамка на доверба, каде што јавноста не чека одговори – туку ги има пред себе.

    -Транспарентноста за нас не е формална обврска. Таа е суштинско демократско правило. Таа е основа на довербата. Основата на стабилноста. Основата на вистински одговорните политики. Во општество што секојдневно се соочува со лажни наративи, дезинформации и манипулации, единствениот одговор е – отворена држава со отворени податоци. Затоа оваа Платформа е секундарно технолошки проект, а примарно – политичка порака: немаме што да криеме, затоа што работиме чесно, транспарентно и во интерес на граѓаните, истакна Мицкоски.

    Тој нагласи дека посебно важно е што медиумите, како столб на демократијата, добиваат моќен алат. Со само неколку кликови, како што појасни премиерот, ќе можат да го следат секој проект, секој договор, секој рок и секоја фаза на реализација.

    – Ова значи вистинска поддршка на истражувачкото новинарство, на јавната отчетност и на информирано граѓанско учество. Ниту еден проект веќе не е „некаде таму“, скриен во институционални лавиринти. Сега е јавен, видлив и проверлив, рече премиерот.

    Мицкоски нагласи дека бројките најдобро зборуваат.

    – Од првиот јавен повик, финансиран преку средствата што ги обезбеди Владата, опфатени се вкупно 288 проекти со вкупна вредност од речиси 4,6 милијарди денари, односно близу 75 милиони евра. Денес можеме одговорно да кажеме дека сите 288 проекти се започнати. За сите се склучени договори со економски оператори, информираше премиерот.

    Тоа, како што посочи, значи дека нема застој, нема празен пат, туку се работи системски со динамика и без импровизации.

    -Од овие 288 проекти: 193 се целосно завршени, 26 се во целосно завршна фаза, 89 активно се реализираат, а за уште 6 проекти тендерската постапка е завршена и нивната реализација започнува многу скоро. Ова не се само бројки. Ова се нови улици, плоштади, водоводни и канализациски мрежи, нови паркови, фекални системи, нови спортски објекти, културни содржини, нови училишта и нови градинки. Ова се над 220 капитални проекти во инфраструктурата, над 40 проекти во животната средина, 7 во спортската инфраструктура, 5 проекти во културата, и над 10 значајни инвестиции во образованието, рече Мицкоски.

    Тоа, според него, значи подобар живот, подобри услуги, подобра општина и подобра држава.

    – Паралелно, преку вториот јавен повик за финансирање на општините, опфатени се 828 нови проекти со вкупна вредност од 13,8 милијарди денари, односно повеќе од 225 милиони евра. И тука веќе гледаме силна динамика: над 50 проекти се завршени или во финална фаза, а за над 500 проекти се потпишани договори за нивната реализација. Тоа значи дека државата ќе влезе во уште поинтензивен инвестициски циклус. Повеќе машини, повеќе градилишта, повеќе проекти и повеќе конкретни резултати за граѓаните, дециден беше Мицкоски.

    Сето ова се прави, како што нагласи тој, транспарентно, современо и одговорно. Оваа Платформа, според премиерот, покажува дека јавните средства се под јавен надзор, дека институциите работат со јасни правила, дека општините имаат еднаков пристап и дека Владата функционира со современи стандарди на отчетност и дигитализација.

    – Нашата цел не е само да градиме – туку да градиме чесно, видливо и мерливо. Нашата цел не е само да реализираме проекти – туку да воспоставиме нова култура на владеење каде секоја информација е достапна, секој чекор е документиран, а секое ветување е проверливо, додаде премиерот.

    Беше истакнато дека со оваа Платформа, се отвора следната фаза на институционална зрелост. Фаза во која државата не се брани со зборови, како што појасни премиерот, туку со податоци. Не се оправдува со изговори, додаде тој, туку со резултати. Фаза во која, нагласи, граѓаните се вистински контролори на јавните ресурси.

    – Можам да кажам, оваа Влада ќе продолжи да работи на тој начин. Отворено. Одговорно. И во интерес на секој граѓанин на Македонија, порача Мицкоски.

    Владината портпаролка Марија Митева најави дека Платформата и понатаму ќе се надградува.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.