Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Мареска го наследува Гвардиола: Манчестер Сити подготвува нова ера
    Спорт

    Мареска го наследува Гвардиола: Манчестер Сити подготвува нова ера

    19/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Тренерска ера завршува во Манчестер Сити, откако клубот и официјално донел одлука Енцо Мареска да го наследи Пеп Гвардиола на клупата на „граѓаните“. Според информациите од англиските медиуми, двете страни постигнале договор за тригодишна соработка, а Италијанецот ќе ја преземе екипата по завршувањето на актуелната сезона.

    Мареска, кој претходно му беше асистент на Гвардиола во Манчестер Сити, повторно се враќа на „Етихад“ по успешниот период во англискиот фудбал. Неговото име долго време се поврзуваше со можноста еден ден да стане наследник на шпанскиот стратег, а самиот тој претходно откри дека во неколку наврати разговарал со раководството на клубот.

    Заминувањето на Пеп Гвардиола означува крај на една од најуспешните ери во историјата на Манчестер Сити. Во изминатите десет години шпанскиот тренер освои бројни титули и постави нови стандарди во англискиот и европскиот фудбал, претворајќи го клубот во една од најдоминантните екипи на светот.

    Според најавите од Англија, натпреварот против Астон Вила ќе биде последен за Гвардиола на домашен терен како менаџер на Сити, а клубот подготвува специјално збогување за човекот кој остави огромна трага во историјата на „граѓаните“.

    Во меѓувреме, Манчестер Сити останува во трка за титулата во Премиер лигата. „Граѓаните“ ги очекува важен натпревар против Борнмут, по кој ќе се надеваат на кикс на Арсенал во последното коло, со цел да стигнат до уште една шампионска титула.

    Поврзани вести:

    Саутемптон исфрлен од плејофот по афера со шпионирање

    Саутемптон исфрлен од плејофот по афера со шпионирање

    Анчелоти објасни зошто го повика Нејмар на Светското првенство

    Анчелоти објасни зошто го повика Нејмар на Светското првенство

    Левандовски официјално ја напушта Барселона

    Левандовски официјално ја напушта Барселона

    ФФМ ја осуди прославата на Вардар: Навредите немаат место во фудбалот

    ФФМ ја осуди прославата на Вардар: Навредите немаат место во фудбалот

    Англиски медиуми: Алонсо договорен со „сините“

    Англиски медиуми: Алонсо договорен со „сините“

    Тиверија Брера со петарда до трофејот во Купот на Македонија

    Тиверија Брера со петарда до трофејот во Купот на Македонија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Саутемптон исфрлен од плејофот по афера со шпионирање

    19/05/2026

    Анчелоти објасни зошто го повика Нејмар на Светското првенство

    19/05/2026

    Левандовски официјално ја напушта Барселона

    16/05/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.