Со шестгодишен план, Македонското еколошко друштво ќе се обиде да ја зголеми и стабилизира популацијата на белоглавиот мршојадец на македонска територија.
Во минатото, белоглавиот мршојадец бил вообичаена глетка низ Македонија, особено во пределот кај Демиркапијската клисура, но во последните децении, поради ловењето, труењето, недостигот на храна и струјните удари од далноводите, е доведен до работ на изумирање.
Планот е да се донесат 50 пара од белоглавиот мршојадец од Шпанија. Овие птици ќе бидат префрлени во кафези за аклиматизација и пуштени согласно соодветен протокол.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
