Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, денеска преку социјалните мрежи најави дека подземните гаражи во општината повторно ќе бидат ставени во функција за која се наменети – паркирање и олеснување на секојдневието на граѓаните.
„Подземните гаражи треба повторно да бидат ставени во функција за која се наменети, со јасни правила, соодветна заштита и современи решенија. Подготвени сме да иницираме и законски измени доколку тоа е потребно, бидејќи интересот на граѓаните секогаш мора да биде на прво место,“ истакна Лукровски.
Тој нагласува дека безбедноста, редот и јавниот простор се право на секој човек, а целта е Карпош да стане средина каде граѓаните ќе се чувствуваат сигурно и ќе ја добиваат вистинската вредност на својот имот.
