Од Левица ја коментираа Одлуката со која Општина Аеродром на инвеститори им дозволува пренамена на земјоделско земјиште во градежно. „Ова не е во интерес на граѓаните, туку напротив, директно им штети. Ваквата одлука претставува „подарок” за инвеститорите, повторно на сметка на граѓаните, рече советникот од Левица, Дејан Ристовски.
Ристовски истакна дека инвеститорите купуваат земјоделско земјиште по многу ниски цени, а потоа со барања за пренамена во градежно цената на земјиштето значително расте и на тој начин остваруваат енормни добивки кои се исклучиво во нивна корист. Советниците на Левица најавија дека ќе продолжат да се спротивставуваат на одлуките што го ставаат интересот на инвеститорите пред интересот на граѓаните.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
