Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 655 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. Отстранети се неколку поголеми диви депонии на улиците Перо Наков во општината Гази Баба, Џон Кенеди во општината Чаир, како и Гвадалахара во општината Шуто Оризари, известија од скопското комнално претпијатие.
Од таму сооопштија и дека нивната Еко-патролата напишала 19 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто по шест записници се врачени на територијата на скопските општини Чаир и Карпош.
„Комунална хигиена“ апелира да престане масовното одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини што директно ја загадува животната средина и го загрозува јавното здравје.

