Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал Вис?, прашуваат од СДСМ Струмица
    Политика

    Кој се обидува да се сокрие зад некогаш реномираниот ТВ Канал Вис?, прашуваат од СДСМ Струмица

    15/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во изминатиот период, струмичката јавност се прашува, а ние како партија, јавно ќе го поставивме прашањето: Кој раководи со фејсбук каналот на некогаш реномираната ТВ Канал Вис – Струмица, која во моментот не постои, односно не се емитува програма, нивниот веб-сајт не е ажуриран, а исто така не постои ниту лице за контакт. Сето тоа, може да се забележи и од последниот извештај на АВМУ во 2024 година.

    Откако беше објавен кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Струмица за претстојните локални избори, Марјан Даскаловски, интензивно на споменатата Фејсбук страна се појавуваат лесно забележливи измислени анкети, текстови и рекла-казала муабети, со цел да му се наштети на кандидатот за градоначалник на СДСМ Струмица, иако јавноста во нашиот град добро ја знае вистината.

    „Уредниците“ на ТВ Канал Вис, веројатно знаат дека за објективно известување, при секоја приказна треба да побараат став од двете страни. До овој момент, ниту еднаш, никој од СДСМ Струмица, ниту кандидатот за градоначалник Марјан Даскаловски не се побарани за изјава од новинари на споменатиот медиум, што дополнително фрла сомнеж дека зад овој канал всушност нема новинари, туку лице кое со помош на вештачка интелигенција се обидува да наметне мислење кај струмичани.

    Јавно ги повикуваме, воедно и прашуваме, двете македонски здруженија на новинари, ЗНМ и МАН, да одговорат дали медиумот е нивен член и истиот го почитува Кодексот на новинарите на Македонија? И зошто, ако медиумот е независен како што посакува да се прикаже, ги бриша коментарите кои не им одговараат на нивната стратегија?

    СДСМ Струмица како партија, секогаш била на страна на медиумите, на страна на вистината, на страна на струмичани, така и ќе остане. Јавноста треба да ја знае вистината, јавноста заслужува објективно и вистиното информирање, а не злоупотреби. Kој стои зад медиумот и кој свесно шири лаги во јавноста? Вистината секогаш излегува на површина, така ќе биде и овој пат!

    Соопштение на СДСМ Струмица

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ: Ние работиме на развој, тие очајуваат

    ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ: Ние работиме на развој, тие очајуваат

    Мицкоски: Ако талогот стане елита, вистинската елита ќе си замине од државата

    Мицкоски: Ако талогот стане елита, вистинската елита ќе си замине од државата

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче сами се препознаа во зборовите на Мицкоски

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче сами се препознаа во зборовите на Мицкоски

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    11/09/2026

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    11/09/2026

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    10/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.