Советот на Град Скопје како и советите на скопските совети се конституираа. Новоизбраните советници ветија работа во интерес на граѓаните и редеа многу приоритети на кои ќе се посветеле.
Дали во приоритети им е и штедењето и рационалното трошење на парите на граѓаните? Не е лошо во приоритетите да им е и намалувањето на паушалите кои тие ќе ги добиваат. Од досегашната пракса тој износ во зависност од општината се движи од 14.000 до 24.000 денари и тоа дури и ако се одржи само една седница на Советот.
Износот е голем особено ако се знае дека во Советот на Скопје и во советите на останати десет општини има над 250 членови. Значи, на нивните сметки, годишно се исплатуваат приближно 1 милион евра само за паушали.
Ако направат кратење од барем 30% тоа ќе значи на пример повеќе пари за крпење на многу повеќе дупки по скопските улици или купување на опрема за пожарникарите или давање на награди за талентираните деца и слично.
Советниците се на потег. Наскоро ќе се види дали сакаат да го повлечат или овој приоритет ќе го заборават.
