Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Искршена вратата на Амбасадата на Бугарија во Скопје, остра реакција од Софија
    Република

    Искршена вратата на Амбасадата на Бугарија во Скопје, остра реакција од Софија

    11/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Непознато лице во неделата, на 11 јануари, фрлило непознат предмет кон зградата на Амбасадата на Бугарија во центарот на Скопје, при што била искршена влезната врата. Ова го покажуваат фотографиите објавени од Министерството за надворешни работи на Бугарија, кои беа проследени со остра реакција од Софија.

    Во официјалното соопштение, бугарското МНР го осуди инцидентот, оценувајќи го како напад врз самата држава Бугарија и симболот на нејзиното официјално присуство во земјава. Од таму наведуваат дека станува збор за сериозно нарушување на статусот на дипломатската мисија и грубо кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи.

    Софија изрази и длабока загриженост поради, како што наведуваат, недоволната реакција на надлежните институции во Република Северна Македонија на претходни напади и вандализам врз објекти поврзани со Бугарија и бугарската заедница. Според бугарското МНР, ваквата институционална пасивност, заедно со толерирањето на говор на омраза, создава средина во која ваквите инциденти се охрабруваат и ескалираат.

    Во соопштението се наведува дека Бугарија очекува македонските власти да го идентификуваат сторителот, да го изведат пред лицето на правдата и да ја гарантираат безбедноста на бугарските дипломатски и конзуларни претставништва, нивниот персонал и имотот.

    Исто така, се нагласува дека Софија очекува институциите во Северна Македонија јасно да се дистанцираат од говорот на омраза, ефикасно да се спротивстават на ваквите кривични дела и да работат на создавање поинаков јавен наратив во односите меѓу двете земји, во согласност со меѓународните обврски.

    Од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија засега нема официјална реакција за инцидентот, ниту пак е објавено соопштение од полицијата со детали за настанот.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.