Интензивна акција за чистење, косење и уредување на јавните површини се спроведува во Општина Бутел, со цел подобрување на изгледот и безбедноста на просторот. Екипи на терен косат обраснати тревни површини во населбите, парковите, како и кај детските и спортските игралишта.
Паралелно се врши кастрење на дрвјата и расчистување на зеленилото, со цел обезбедување уредени и безбедни услови за граѓаните. Од општината информираат дека акцијата ќе продолжи и во наредниот период.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
