Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»„Имаше околу 500 луѓе, сите маси полни, и малолетници“, исказ што ја потресе судницата
    Република

    „Имаше околу 500 луѓе, сите маси полни, и малолетници“, исказ што ја потресе судницата

    02/02/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Сведочења за функционирањето на дискотеката „Пулс“, безбедносните пропусти, издавањето билети, моментот на избувнување на пожарот и последиците што ги трпат повредените и денеска, беа изнесени на денешното продолжение на судењето во затворот Идризово за трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

    Прв сведочеше гостин кој во пожарот се здобил со тешки телесни повреди и бил на лекување во Словенија. Тој опиша дека поради вдишување густ чад имал целосно оштетени дишни патишта, со трајни последици врз дишењето. Сведокот зборуваше за изгледот на дискотеката по реновирањето, моментот кога се појавил густ црн чад со мирис на пластика и паниката што настанала меѓу присутните. Тој најави имотно-правно побарување и приклучување кон кривичниот прогон.

    Вториот сведок, кој работел како шанкер од отворањето на дискотеката во 2012 година, изјави дека со години работел без договор и без осигурување, а дури во 2023 година бил пријавен на половина работно време. Тој предизвика повеќе реакции во судницата поради контрадикторни одговори и повеќекратни испрашувања од Обвинителството, одбраната и судот.

    Сведокот посочи дека газдата Деко ги давал наредбите и дека на крајот од вечерта вработените добивале дневница од 1.500 денари. Рече дека видел два или три противпожарни апарати, но немал обука за заштита при работа. Според него, дискотеката имала два до три излези, но не знае дали сите биле користени критичната вечер.

    Тој наведе дека во дискотеката имало околу 500 посетители и дека сите маси биле полни, меѓу кои и малолетници. Пожарот започнал околу 2:35 часот, кога бендот извикал дека гори, а газдата се обидел да гаси со ПП апарат. Пиротехника, како што рече, се користела и претходно, а ја поставувал човек од Скопје.

    Сведокот опиша дека огнот се ширел многу брзо, дека дел од луѓето не ја сфатиле сериозно опасноста и дека настанал хаос и гужва при обидот за излез. Тој се засолнил во тоалет и подоцна бил пренесен на лекување во Грац, со трајни проблеми со дишењето. Најави оштетно побарување, но без приклучување кон кривичниот прогон.

    Третиот сведок изјави дека вечерта бил во друг локал, но двапати влегол во дискотеката „Пулс“, при што вториот пат влегол без да купи карта. Тој рече дека не видел легитимирање, ниту контрола на возраста на децата што биле со него. По активирањето на пиротехничките средства, забележал дека нешто гори, а по кратко време пожарот се проширил.

    Сведокот опиша дека повиците за евакуација биле нејасни, дека настанало стампедо и дека тешко успеал да излезе. Потоа сам се упатил во болница, од каде поради сериозни респираторни проблеми бил испратен на лекување во Полска, каде поминал речиси еден месец. Тој наведе дека вечерта имало присуство на униформирана полиција во дискотеката и најави оштетно побарување и приклучување кон кривичниот прогон.

    На почетокот на рочиштето, одбраната побара Обвинителството да ја преиспита одлуката за запирање на постапката против дел од полициските службеници, укажувајќи на можност за поистоветување со актуелните обвиненија. Обвинителството возврати дека тие одлуки не се конечни и дека обвинителниот акт што се разгледува не опфаќа полициски службеници.

    Судењето го води судијката Дијана Груевска Илиевски и се наоѓа во фаза на доказна постапка со сослушување сведоци. Следното рочиште е закажано за 5 февруари.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Истрагата утврди дека објектот работел со години без дозволи, без противпожарна заштита, со над дозволен број посетители и со незаконска употреба на пиротехнички средства.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.