Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Ѓорѓиевски: Подготвен сум да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот
    Скопје

    Ѓорѓиевски: Подготвен сум да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот

    06/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Време е Скопје повторно да го вратиме на скопјани и да изградиме град со кој ќе се гордееме сите ние и генерациите после нас, изјави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откако претседателот на партијата Христијан Мицкоски ја соопшти одлуката на Извршниот комитет тој да биде нивни кандидат на локалните избори за прв човек на главниот град.

    Од утре, рече Ѓорѓиевски, ќе почнат со теренските посети и процесот на креирање на програмата со која ќе настапат на локалните избори за Град Скопје и проектите што ќе ги зацртаат ќе бидат детално разработени со рокови и финансиски импликации.

    Како што рече, фокус ќе биде решавање на сообраќајниот хаос, дивите депонии и хигиената во градот  за кој рече дека е валкан.

    -Градот едноставно кажано е „прљав“. Немаме улица, немаме маало каде што немаме проблем со хигиената. Тоа е она што најмногу ги тишти скопјани, не само изминатите четири години, туку и неколку години претходно. Не можеме да направиме далечна отстапка од владеењето на Петре Шилегов со градот и Данела. Тука речиси и да нема некоја разлика меѓу нив двајца. Со тоа што ова што се случува во последните неколку години е катастрофа за сите нас како жители на  главниот град … Сето она што ќе биде зацртано во програмата ќе дадам се од себе во четири години мандат да биде реализирано. Тука ќе има и проекти со поддршка на Владата од која очекуваме силна поддршка и веруваме дека ќе има многу реализирани проекти. Скопје ќе биде претворено во едно големо градилиште, тоа што, за жал, не е слика за Скопје денес, истакна Ѓорѓиевски.

    Поддршката од неговата партија да биде кандидиран за градоначалник на Скопје, како што рече, е најголем предизвик во неговиот живот. Му се заблагодари на лидерот на партијата Мицкоски од кого рече ја има најголемата помош и досега  при водењето на општина Кисела Вода и, рече, верува дека таа помош и поддршка ќе ја има и во перспектива насочена кон градот Скопје.

    -Апсолутно сум свесен во каква состојба се наоѓа градот Скопје, апсолутно сум свесен за девастираноста на градот, за сивилото што владее и во кое живееме сите скопјани, но исто така сум подготвен по изборите повторно да го воскреснам Скопје за конечно да стане град за достоинствен живот за сите наши сограѓани, град без делби. Јас ќе останам достапен и близок за сите граѓани од Скопје. Не очекувајте да бидам салонски политичар, зашто и во мојата општина Кисела Вода во изминатите четири години покажав дека често сум во населените места и меѓу граѓаните и секогаш подготвен да ги ислушам нивните потреби и барања. Така ќе биде и во градот Скопје, ве уверувам во тоа. Ја барам поддршката од сите скопјани, без разлика на политичка припадност, вера и нација. За мене постојат само скопјани кои си го сакаат градот или не си го сакаат градот, изјави Ѓорѓиевски на заедничката прес-конференција  со Мицкоски.

    Поврзани вести:

    Прва седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје

    Прва седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје

    Пет ученици се задржани на болничко лекување по вчерашното труење со храна, инспекциите упаднаа во кујните на уште 9 училишта во Карпош

    Пет ученици се задржани на болничко лекување по вчерашното труење со храна, инспекциите упаднаа во кујните на уште 9 училишта во Карпош

    Ѓорѓиевски на средба со турскиот амбасадор

    Ѓорѓиевски на средба со турскиот амбасадор

    Надлежните конечно да расчистат – каква храна јадат нашите деца во училиштата?

    Надлежните конечно да расчистат – каква храна јадат нашите деца во училиштата?

    Без вода корисниците од улицата „Даме Груев“ до Рекорд

    Без вода корисниците од улицата „Даме Груев“ до Рекорд

    Пријави дупка на улица преку Прва Скопска ТВ, да помогнеме на градските служби да ги најдат и закрпат

    Пријави дупка на улица преку Прва Скопска ТВ, да помогнеме на градските служби да ги најдат и закрпат

    вмро дпмне орце скопје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Прва седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје

    27/11/2025

    Пет ученици се задржани на болничко лекување по вчерашното труење со храна, инспекциите упаднаа во кујните на уште 9 училишта во Карпош

    27/11/2025

    Ѓорѓиевски на средба со турскиот амбасадор

    27/11/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.