Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ги започна теренски посети, со цел подготовка на програмата за локалните избори заедно со граѓаните.
Тој е уверен дека скопјани ќе му дадат шанса да го води градот, а како главни проблеми што ќе ги решава ги посочи хигиената, јавниот транспорт и сообраќајниот хаос, кучињата скитници, загадувањето…
Тој вети и нов генерален урбанистички план за Скопје, со алтернатива за ширење на градот.
На средбата во Бутел, покрај со граѓаните, тој се сретна со преставници на пензионерите и со просветните работници со кои разменија мислење за состојбата со образованието.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

