Ептен е црна сообраќајната статистиката во Македонија. Само во првите четири дена од ноември во сообраќајни несреќи животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со oктомври регистрирани се 115 жртви. Страшно. Ги плашат ли овие големи бројки на загинати лица несовесните возачи? Помислуваат ли здивените шофери дека со своето однесување можат да загрозат некому живот, а и својот да го уништат? Отвораат ли 4 очи сите учесници во сообраќајот оти меѓу нив има и несовесни? Ова се прашањата кои мора секојдневно сите да си ги поставуваме. 115-те жртви не се само бројки – тоа се нечии синови, ќерки, родители, пријатели. Статистиката на МВР покажува дека најчестите причинители за сообраќајни несреќи со фатални последици се непочитувањето на сообраќајните правила, односно користењето на мобилен телефон при возење, возењето со брзина поголема од дозволената и возењето под дејство на алкохол. Крајно време е тоа да се намали. За да престанат трагичните настани на македонските сообраќајници.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
