Фудбалерите на Тиквеш ќе ја продолжат сезоната во со нов тренер, откако клупското раководство вечерва ја прифати оставката на досегашниот шеф на стручниот штаб Ѓорѓи Мојсов, по денешниот пораз на Тиквеш во Кавадарци од Арсими со 4-3 во рамки на 10 коло во ПМФЛ.
„По денешниот пораз, управата на Клубот ја прифати оставката на стручниот штаб предводен од тренерот Ѓорѓи Мојсов, како последица на неочекувано слабите резултати оваа сезона. Им се заблагодаруваме за долгогодишниот ангажман во ГФК Тиквеш, особено што со нив клубот го постигна историскиот успех и им посакуваме успех во нивните кариери“, се наведува во клупското соопштение.
По десет одиграни кола, Тиквеш е деветтото пласиран на табелата со осум бодови, пред следниот дуел против Пелистер на 30 ноември на гостински терен.
Во соопштението на кавадаречкиот прволигаш се наведува дека „клубот е во преговори за ангажман на нов стручен штаб кој ќе го предводи клубот во иднина“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА
