Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Франција ја декласира Белгија по голем пресврт, Италија продолжува да се буди
    Спорт

    Франција ја декласира Белгија по голем пресврт, Италија продолжува да се буди

    05/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Франција приреди вистински спектакл на „Сент Дени“ во Париз, откако со 4:1 ја совлада Белгија во натпревар од А Лигата на нации, иако до самата завршница гостите беа во водство.

    Белгија поведе во 35. минута преку Лукебакио и долго време успешно го бранеше минималното водство. Французите се обидуваа да го пронајдат патот до голот, но пресвртот пристигна дури во 77. минута.

    Тогаш селекторот Зидан направи тројна измена и во игра ги внесе Дуе, Шерки и Олисе, а токму тие го променија текот на натпреварот. Дуе израмни, Шерки донесе целосен пресврт, а Олисе со два погодоци стави точка на убедливата победа од 4:1.

    Франција уште еднаш покажа дека располага со огромен квалитет и дека може да биде опасна без оглед на тоа со каков состав ќе настапи.

    Во вториот натпревар од А Лигата на нации, Италија на домашен терен ја победи Турција со 3:1. Избраниците на Роберто Манчини продолжуваат да покажуваат знаци на подобрување и потврдуваат дека полека се враќаат на посакуваното ниво.

    За Италија погодија Скамака, Калафиори и Еспосито, додека единствениот гол за Турција го постигна Симсир во 66. минута.

    Во Б Лигата на нации, Босна и Херцеговина ја совлада Полска со 1:0 благодарение на погодокот на Башиќ од пенал. Шведска како гостин славеше против Романија со 0:1, Северна Ирска и Грузија одиграа без голови, а Унгарија на гостински терен ја победи Украина со 1:2.

    Во Ц Лигата на нации, Кипар беше подобар од Летонија со 2:1, додека Црна Гора и Ерменија одиграа без голови.

    Поврзани вести:

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    Убава вест за Илија Несторовски: Ќе добие пари што му ги должи банкротираниот Палермо

    Убава вест за Илија Несторовски: Ќе добие пари што му ги должи банкротираниот Палермо

    Хари Кејн испиша историја: Израмни рекорд стар 78 години

    Хари Кејн испиша историја: Израмни рекорд стар 78 години

    Англија демонстрираше сила во Мадрид – Шпанија загуби по 968 дена

    Англија демонстрираше сила во Мадрид – Шпанија загуби по 968 дена

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    белгија зидан олисе Франција
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кирил Лазаров го надигра Червар: Голема победа на Алкалоид во фармацевтското дерби

    19/11/2026

    Работнички го доби вечното дерби: Црвено-белите го надиграа МЗТ во „Јане Сандански“

    16/11/2026

    Тежок пораз на Македонија: Словенија ја освои Арената „Тодор Проески“

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.