Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»(ФОТО) Премиера на документарецот „Вратете ни го чаламот“ – емотивен омаж за КК Работнички и златните години на македонската кошарка
    Спорт

    (ФОТО) Премиера на документарецот „Вратете ни го чаламот“ – емотивен омаж за КК Работнички и златните години на македонската кошарка

    22/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во вторникот вечер во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, со почеток во 20 часот, се одржа премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“, посветен на најголемите успеси и славната историја на македонскиот кошаркарски клуб „Работнички“.

    Филмот, во продукција на „Слобода филм“ и финансиски поддржан од Општина Центар – Скопје, собра голем број спортски новинари, кошаркарски легенди и сегашни членови на тимот, кои со многу емоции го проследија ова документарно сведоштво за еден од најстарите и најуспешни спортски колективи во земјава.

    Премиерата ја отвори легендарниот спортски новинар Атанас Костовски, кој со носталгија се потсети на првите телевизиски преноси и на славните денови на „Работнички“ во Градски парк.

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, нагласи дека филмот не е само потсетник на минатото, туку и инспирација за иднината:

    „Легендата продолжува да живее! Се враќаме на гордоста, на спомените и на победничкиот дух што ’Работнички’ го носи уште од првиот ден. Горд сум што дадов поддршка за реализација на овој филм и што заедно со клубот го враќаме чаламот – со нова сала и нови победи,“ истакна Герасимовски.

    Во документарецот зборуваат кошаркарските великани кои го создале клубот и биле дел од неговите најуспешни години – меѓу нив и учениците на легендарниот тренер Лазар Лечиќ, како и протагонистите што ја продолжиле традицијата – Благоја Георгиевски – Буштур, Драган Таневски, Борис Дамјановски и други.

    Режисерот Игор Иванов – Изи, познат по својата способност да долови човечки приказни со топлина и реализам, успеал да го спои фактографското со емотивното, нудејќи филм кој не само што документира успеси, туку и ја доловува страста, лојалноста и љубовта кон кошарката што ја одржала „Работнички“ жив повеќе од седум децении.

    Публиката ја поздрави проекцијата со долги аплаузи, а многумина со носталгија зборуваа за времињата кога во салата во Градски парк се бараше билет повеќе. Таа сала денес повторно се обновува благодарение на Општина Центар – симболично продолжувајќи ја приказната за „враќањето на чаламот“.

    „Вратете ни го чаламот“ не е само филм за спорт – тоа е филм за идентитет, истрајност и гордост, за генерациите кои го граделе клубот и за младите кои ја продолжуваат традицијата. Настанот остави впечаток на враќање кон времињата кога спортот значеше заедништво, страст и чест, а „Работнички“ беше и останува – симбол на македонската кошарка.

    Фото: П.С.Т.

    Поврзани вести:

    Македонија вечерва ја пречекува Шкотска во Лигата на нации

    Македонија вечерва ја пречекува Шкотска во Лигата на нации

    Седлоски најави промени против Шкотска: Критиките нека бидат насочени кон мене

    Седлоски најави промени против Шкотска: Критиките нека бидат насочени кон мене

    Бура во Португалија по заминувањето на Роналдо, се огласи неговата сестра

    Бура во Португалија по заминувањето на Роналдо, се огласи неговата сестра

    Катастрофален старт за Еурофарм Пелистер, Шпанците славеа убедливо во Битола

    Катастрофален старт за Еурофарм Пелистер, Шпанците славеа убедливо во Битола

    Адем Мекиќ се враќа во Куманово, големо засилување за тимот на Докузовски

    Адем Мекиќ се враќа во Куманово, големо засилување за тимот на Докузовски

    Роналдо го напушти кампот на Португалија по разговор со Жесус

    Роналдо го напушти кампот на Португалија по разговор со Жесус

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вратете ни го чаламот документарен филм историја кк работнички премиера
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија вечерва ја пречекува Шкотска во Лигата на нации

    03/10/2026

    Седлоски најави промени против Шкотска: Критиките нека бидат насочени кон мене

    02/10/2026

    Бура во Португалија по заминувањето на Роналдо, се огласи неговата сестра

    30/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.