Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Филипче најави онлајн петиција во врска со најавите за можен влез на мигранти во земјава
    Република

    Филипче најави онлајн петиција во врска со најавите за можен влез на мигранти во земјава

    09/12/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Онлајн петиција најави денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче во врска со објавите во дел од британските медиуми дека се разговарало со македонските власти за можен прием на мигранти во земјава. Доколку се покаже дека таа не е доволна, Филипче најави и други чекори со цел да се спречи евентуален влез на мигранти во земјава.

    -По онлајн иницијативата ќе следат и други чекори, ги повикувам сите граѓани помогнете да ја зачуваме нашата тактовина, безбедноста и иднината на Македонија. Доколку власта го игнорира овој чекор ќе следат други посилни чекори. Нашето место е во Европската Унија, а не на периферијата, како црна точка. Ќе следи силна мобилизација, активност на секое ниво, во секоја општина, во секој град, во секое село. Нема да дозволиме да дојдат мигранти тука по ниту една цена, нема да дозволиме на овој начин да се загрози безбедноста и иднината на земјата сакаме развој, да сме дел од ЕУ, не сакаме да сме Мека за мигранти да дојдат луѓе, кои гледаме како се однесуваат во други земји и какви проблеми создаваат, насилства, протести, силувања, болести кои одамна се искоренети во сите земји, рече Филипче.

    Тој посочи дека СДСМ пред повеќе месеци ја најавил опасноста што не очекува со мигрантите и тајните преговори, разговори и договори на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

    -Кога првпат овие тајни преговори и разговори ги спомнавме, а тоа беше потврдено во пишувањата во странските медиуми, веднаш скокнаа против нас така наречените патриоти од ВМРО-ДПМНЕ. Почнаа со објави дека лажеме, па осмислија цела кампања против мене лично, против други актуелни и поранешни функционери на партијата. Кога тоа не им успеа во следниот период таа кампања само ја засилија, рече Филипче.

    Тој изјави дека недозволиво е тоа што македонските граѓани наместо од Владата, информациите ги дознале од британските медиуми кои, како што рече, излегле со детални информации за тоа што е разговарано околу прашањето за мигрантите од Британија.

    -И од овие пишувања на британските медиуми дознаваме за разговорите кои што се воделе за мигрантите, дека треба да бидат интегрирани да бидат присутни на нашиот пазар на трудот, особено во градежништвото и тука да имаат трајни живеалишта. Дури има и детални информации дека Велика Британија ќе и исплаќа на Македонија 20.000 фунти по депортиран мигрант, согласно новиот договор за т.н. повратни центри. И сето ова замислете македонските граѓани го дознаваат од странски медиуми, рече Филипче.

    Европската статистика, додаде Филипче, покажува дека со лошо спроведени политики за интеграција на мигранти се случуваат големи проблеми во државите и во општествата, дека во нив доаѓа до насилство, криминал, немири,тепачки и поразвиените земји, како Велика Британија, Германија, Шведска тешко се справувале.

    -Како ли само ние ќе се справиме со овој проблем во нашата земја, во која имаме нефункционални институции, рече Филиче и додаде дека и самата ЕУ ги заострува мерките, односно полесни отфрлање на барањата за азил, потешко добивање азил, полесна процедура на депортација.

    Тој на прес-конференцијата праша и дали како што вели, зад тајните договори на Владата се крие целта мигрантите да станат нова гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори и дали е ова, цената што треба да се плати за да се добие кредит од 6 милијарди евра.

    На прашањето кога СДСМ ќе го комплетира политичкиот тим, Филипче истакна дека процесот е во фаза на заокружување и оти ќе биде завршен во следните две недели.

    Во врска со Буџетот, за кој пратениците од денеска расправаат на пленарна седница, Филипче рече дека смета оти тој не е социјален и не се грижи за граѓаните и не е развоен.

    -Во него нема зголемување на платите, нема соодветно зголемување на парите кои се потребни за да се награди трудот на работниците во сите катетогории. Буџетот не се грижи ниту за ранливите категории, таму има намалени средства за следната година и има многу мала ставка за капитални инвестиции, рече Филипче.

    Тој додаде и дека пренамената на 780 милиони денари од Буџетот од ставката за модернизација на одбраната, претставува директно нарушување на НАТО-стандартите и јасно отстапување од препораките на САД.

    -Со ова намалување на парите за модернизација на одбраната ние не го задоволуваме НАТО стандардот за соодветен процент на пари кои што треба да се инвестира во тој дел на одбраната. Се поставува прашањето дали праќаме сигнал дека ние не сме кредибилен партнер во рамките на НАТО во време кога американската администрација инсистира да процентите од буџет во одбраната се зголемат, а ние го

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.