Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»📽️ Еднократна помош од 2.500 денари за пензионерите – општина Центар со нов повик
    Скопје

    📽️ Еднократна помош од 2.500 денари за пензионерите – општина Центар со нов повик

    08/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите пензионери со ниски примања да се пријават за еднократна финансиска помош од 2.500 денари, на јавниот повик што ќе биде објавен утре, 9 јули.

    Право на пријавување имаат сите кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија, при што месечниот износ не смее да го надминува износот од 26.157 денари, односно просечната пензија исплатена во мај 2025 година.

    „И годинава не ги забораваме пензионерите. Продолжуваме со поддршка за нашите највозрасни сограѓани. Оваа мерка е знак на нашата постојана грижа и солидарност“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

     

    Со барањето потребно е да се достави копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и доказ за последната примена пензија, чек или потврда од банка за месец мај или јуни 2025 година (за старосна, семејна или инвалидска пензија). Корисниците на социјална пензија треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа.

    Барањето може да се подигне и поднесе во Архивата на Општина Центар, барака број 6, или да се преземе од веб-страницата на општината: www.centar.gov.mk. Документацијата се доставува секој работен ден, од 09:00 до 14:00 часот.

    Повикот ќе трае до 18 јули или до исцрпување на предвидените средства, по принципот „прв дојден, прв услужен“.

    Поврзани вести:

    Силен ветер направи хаос на патиштата: Паднати дрва, семафор и канделабра

    Силен ветер направи хаос на патиштата: Паднати дрва, семафор и канделабра

    Малолетник претепан во тоалет на основно училиште во Радишани

    Малолетник претепан во тоалет на основно училиште во Радишани

    Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Центар денеска без струја

    Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Центар денеска без струја

    „Комунална хигиена“: За викендот опожарени четири контејнери во Скопје

    „Комунална хигиена“: За викендот опожарени четири контејнери во Скопје

    Карпошани ќе одлучуваат: Почнува креирањето на буџетот за 2027 година

    Карпошани ќе одлучуваат: Почнува креирањето на буџетот за 2027 година

    ЕВН најави прекини на струјата во Аеродром, Петровец, Илинден и Сопиште

    ЕВН најави прекини на струјата во Аеродром, Петровец, Илинден и Сопиште

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    скопје центар
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Силен ветер направи хаос на патиштата: Паднати дрва, семафор и канделабра

    19/11/2026

    Малолетник претепан во тоалет на основно училиште во Радишани

    19/11/2026

    Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Центар денеска без струја

    17/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.