Државните институци со години се фалат дека можат да се справат со разни кризи. Ама, во кривопаланечко се појави 20-тина крави кои газат се пред себе и еве со месеци истите тие институции не можат да ги решат.
Веднаш настана македонската класика – ние не сме надлежни, други се. Додека Општината и Агенцијата за храна и ветеринарство си ја префрлаат одговорноста, на терен има хаос, уништени посеви, турканици и бркотници, наместо јасна и координирана акција.
Викендов, со асистенција на полицијата кравите беа „апсени”, ама умните животни – бегаат, а и некакви си мисици им помагаат во тоа. Смешно, но всушност многу тажно.
И така. Кравите не фермаат ниту волови – си тераат по свое. Институциите тераат по свое. И еве дојде до таму да има протест на жители од Крива Паланка против животни.
Чудо. Светско.
Кај да е, ќе почнат да доаѓаат странци да ги видат супер кравите што можат да зезаат цела држава. Не знаат тие туристите дека не се кравите супер моќни, туку дека институциите се немоќни.
