Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Димитровски најави дека Битола ќе добие спортски комплекс, и покрај многубројните манипулации
    Политика

    Димитровски најави дека Битола ќе добие спортски комплекс, и покрај многубројните манипулации

    19/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, остро реагираше на, како што ги нарече, манипулациите и лажните тврдења околу изградбата на новиот спортски комплекс во Битола. Тој упати сериозни критики кон дел од членовите на Советот на Општината, обвинувајќи ги дека свесно ја блокираат реализацијата на еден од најважните проекти за граѓаните – нова спортска сала.

    „Манипулаторите и патолошки лажговци сега не сакаат да гласаат за новиот ДУП за Нова Битола, каде се предвидува нов реонски центар со спортски комплекс. Главниот нивни аргумент е дека салата морала да биде во поранешната касарна. Но, ако сме направиле грешка во минатото, таа е исправена – изработуваме нов ДУП со маркица токму за нов спортски комплекс,“ изјави Димитровски.

    Според него, обвинувањата дека локалната самоуправа се откажала од изградбата на спортската сала се груба лага и обид за свесна заблуда на јавноста. Тој посочи дека сите кои гласаат против усвојувањето на новиот ДУП во суштина гласаат против изградбата на спортскиот објект.

    „На дело покажуваат дека не сакаат спортски комплекс. А најлошо е што ги лажат своите поддржувачи и навивачи, кои посветено ги следат сите натпревари и сонуваат нов спортски храм во Битола,“ рече секретарот на општината.

    Димитровски нагласи дека изградбата на спортскиот комплекс е дел од развојната програма на Општина Битола за периодот 2025–2027 година, програма која, како што истакна, не била поддржана од истите советници на последната седница на 14 јули.

    „Битола ќе добие нов спортски комплекс, без разлика дали некој мисли поинаку. Делата ќе зборуваат, а не зборовите. Народот е мудар и знае да препознае кој работи за него, а кој само блокира,“ заклучи Димитровски.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ: Како што ја укинаа техничката влада , така можат да го донесат и Изборниот законик

    01/05/2026

    ВЛЕН: ДУИ и Нефи стојат зад милионски злоупотреби во МЕПСО

    30/04/2026

    Миле Цеков ја напушти ЗНАМ, ќе дејствува како независен пратеник

    30/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.