Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Десет мртви во пукањето во средно училиште во Грац, полицијата не го знае мотивот на 21-годишниот напаѓач
    Свет

    Десет мртви во пукањето во средно училиште во Грац, полицијата не го знае мотивот на 21-годишниот напаѓач

    10/06/20251 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Австрија прогласи три дена национална жалост по денешното пукање во средно училиште во Грац, во кое се убиени девет лица. Десеттата жртва е напаѓачот, кој извршил самоубиство на самото место.

    -Ова е мрачен ден во историјата на нашата земја. Пукањето во Грац е национална трагедија. Мора да покажеме единство во вакви моменти и да останеме човечни, изјави австрискиот канцелар Кристијан Штокер.

    Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер потврди дека се убиени девет лица, од кои шест женски и три машки, а има и 12 повредени, од кои девет сериозно.

    -Можеме да потврдиме дека напаѓачот делувал сам. Станува збор за 21-годишен австриски државјанин од областа на Грац. Засега можеме само да шпекулираме за неговите мотиви. Целата ситуација и натаму е доста нејасна. Тој извршил самоубиство во бањата во училиштето, рече Карнер.

    Весникот „Кронен цајтунг“ објави дека напаѓачот е поранешен ученик во училиштето кој се сметал себеси за жртва на малтретирање. Тој пукал во две училници со пиштол и сачмарка, што ги поседувал легално, кажа полицијата.

    -Напаѓачот претходно не ѝ бил познат на полицијата и имал дозвола за оружје, рече Карнер.

    Австрија ја има една од највисоките стапки на поседување огнено оружје во светот, со 30 парчиња оружје на 100 жители.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Шпанија, Словенија и Ирска бараат од ЕУ суспендирање на договорот за Асоцијација со Израел

    18/04/2026

    Иран го отвори Ормутскиот теснец, цената на нафтата драстично падна, Трамп не престанува со објави на неговата социјална мрежа

    17/04/2026

    Трамп најави дека Иран попуштил за ураниумот, од Техеран молк

    17/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.