Денеска времето ќе биде претежно облачно, проследено со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови од земјата се очекуваат пообилни врнежи од дожд, локално над 20 литри на метар квадратен, додека на повисоките планински подрачја во северозападниот регион ќе има врнежи од снег.
Утринските температури ќе се движат од минус 1 до 5 степени, а дневните ќе достигнат меѓу 6 и 14 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува претежно облачно време со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 4 степени, додека максималната ќе достигне до 13 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, и во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови.







